Search

Струга ТЛ има „отворен“ пат кон групната фаза од Конференциската лига

Македонскиот фудбалски шампион, Струга ТЛ доколку ја потврди фаворитската улога во двомечот од 3. квалификациско коло од Конференциската лига против Есперанж од Луксембург ќе има отворен пат кон групната фаза од ова трето по ранг европско клупско натпреавување. Струга ТЛ денеска го дозна противникот за плеј-оф фазата од Конференцијата лига.

Во последната елиминаторна рунда пред групната фаза Струга ТЛ би играл со поразениот од натпреварот меѓу Зрински од Бих и Бреидаблик од Исланд.

Натпреварите од оваа рунда се закажани за 24 август, а реваншите ќе се играат една недела подоцна.

Струга ТЛ прво треба да го елиминира Есперанж од Луксембург во двомечот кој стартува в четврток во Скопје, а седум дена подоцна е на гостински терен.

Треба да знаете
Последни објави