Search

Работнички го матира Шкупи во три наврати

Со пресметката на поранешните македонски фудбалски шампиони Работнички и Шкупи комплетирано е првото коло од новата сезона во прволигашката конкуренција. Старт со полн погодок на теренот „Борис Трајковски“ во Маџари имаше домаќинот Работнички (3:1).

Работнички поведе уште во првата минута, кога одбраната на гостите заспа, а Мазари втрча од позадина, прв стигна до топката и со прецизен удар со глава го матираше голманот на чаирчани.

Гостите од Чаир во првото полувреме направија дури три измени, а до израмнување стигнаа во вториот дел преку Илиевски.

Победникот беше решен во последните 10 минути, Работнички поведе со 2:1 од пеналот што го реализираше Мурати во 82. минута, откако гостите бурно протестираа сметајќи дека не треба да има удар од 11 метри за „романтичарите“ бидејќи дефанзивецот на Шкупи најпрвин ја удри топката, а потоа и противничкиот играч.

Во судиското продолжение Работнички стави точка на триумфот со голот што го постигна Стојановски во 96. минута.

Резултати, од вчера одиграните натпреаври од 1. коло:

АП Брера-Вардар 1:0
Воска-Шкендија 0:1
Струга ТЛ – Гостивар 1:0
Тиквеш-Македонија ЃП 1:0
Брегалница-Силекс 2:1

Треба да знаете
Последни објави