Search

Меси има седум гола и една асистенција на четири натпревари за Интер Мајами

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси на четири натпревари за новиот клуб Интер Мајами има постигнато седум голови и една асистенција.

Аргентинецот утринава беше двоен стрелец во мечот од осминафиналето од Лига купот со Далас (4:4, 5:3 на пенали).

Исто така на овој натпревар Меси го реализираше и ударот од 11 метри точка во пенал-серијата.

Меси постигна гол на секој од неговите четири натпревари за Интер Мајами. Претходно, тој постигна два гола против Орландо Сити (3:1), два на натпреварот со Атланта (4:0) и еднаш против Круз Азул (2:1).

Треба да знаете
Последни објави