Search

Барселона го победи Милан во Лас Вегас

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона рано утрово во Лас Вегас (САД) го совлада Милан со 1:0 во пријателски натпревар.

Стрелец на единствениот гол беше напаѓачот на каталонскиот тим Ансу Фати во 55. минута.

Во следниот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Барселона на домашен терен ќе игра со Тотенхем на 8 август.

Милан, кој турнејата во Америка ја заврши без победа, откако претходно загуби од Реал Мадрид (2:3) и ремизираше со Јувентус (2:2) на следниот контролен дуел ќе се соочи со Монца исто така на 8 август.

Треба да знаете
Последни објави