Search

Семејството на Мбапе дало зелено светло за трансфер на Французинот во Ал Хилал

Сагата со Килијан Мбапе никако да заврши, а по сѐ изгледа дека има и нови моменти. Семејството не би имало ништо против тој да потпише и да одигра една сезона за Ал-Хилал, при што би заработил неверојатни 700 милиони евра.

Ова откако стана јасно дек ПСЖ ќе игра „валкано“ и го остави Мбапе надвор од тимот за турнејата во Азија. Пораката на раководството на клубот е јасна, или нов договор или продажба. Ал-Хилал на ПСЖ му нуди 300 милиони евра, на таква отштета не би се согласил ниту еден друг клуб надвор од Саудиска Арабија, па „светците“ веќе ја прифатија оваа великодушна понуда.

Останува сега Килијан Мбапе да го направи својот конечен избор. Дури и членови од неговото семејство навиваат тој ги „грабне“ понудените 700 милиони евра, а следното лето, според првичниот план, да се пресели во Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави