Search

Меси постигна гол против 100. клуб во кариерата

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси беше двоен стрелец ноќеска во Форт Лодердејл на натпреварот од 2. коло од Лига купот против Атланта (4:0). Триесет и шестгодишниот Аргентинец постигна гол против 100 различни клубови во својата кариера.

Претседателот на Интер Мајами: „Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси“

Претседателот на Интер Мајами и ко-сопственик Хорхе Мас верува дека доаѓањето на Меси ќе има големо влијание врз фудбалот во САД.

-Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси, изјави Мас.

Меси дојде во Интер Мајами на 15 јули, приклучувајќи се на слободен трансфер од ПСЖ. Договорот на напаѓачот е пресметан до крајот на декември 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави