Тројца Палестинци убиени од израелските сили на Западниот Брег, тврдат палестинските власти

Израелските сили денеска убија тројца Палестинци во Наблус на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

„Тројца Палестинци се убиени во израелски вооружен напад во Наблус“, соопшти Министерството, додавајќи дека нивниот идентитет се уште е непознат.

Израелската армија од своја страна спомна тројца „вооружени терористи“ кои отвориле оган врз нејзините војници од возило во Наблус. Армијата додаде дека возвратила со оган и ги „неутрализирала“.

Војниците заплениле пушки и воена опрема, се наведува во соопштението на израелските вооружени сили.

Најмалку 201 Палестинец се убиени од почетокот на годината во насилство поврзано со израелско-палестинскиот конфликт, како и 27 Израелци, Украинец и Италијанец.

Тие статистики вклучуваат, на палестинска страна, борци и цивили, а на израелска страна главно цивили.

Треба да знаете
Последни објави