Спасени 84 мигранти од брод во близина на Гран Канарија, еден загинал

Шпанската поморска спасувачка служба денеска соопшти дека спасила 84 мигранти од субсахарска Африка, кои биле во чамец во близина на островот Гран Канарија.

Еден мигрант загинал, а осум други меѓу кои и една жена, се пренесени во болница.

Во моментот на спасувањето, чамецот бил на околу 15 километри од Гран Канарија, а мигрантите биле однесени во пристаништето Аргинегин околу пет часот наутро по локално време.

Треба да знаете
Последни објави