Со нападите на Крим ќе се спасат животите на Украинците, порача украинскиот министер за одбрана

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, посочи дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 и преминот Керч, кој го поврзува со руското копно.

„Сите овие цели се легитимни, бидејќи тоа ќе го намали нивниот капацитет да се борат со нас и ќе помогне да се спасат животите на Украинците“, рече Резников во интервју за Си-Ен-Ен.

На прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот, Резников одговори дека нормалната тактика е уништување на логистичките линии на непријателот, бидејќи е спречено снабдувањето со муниција, гориво и храна.

„Затоа ќе ја искористиме оваа тактика против нив“, рече Резников.

Треба да знаете
Последни објави