Search

Клубови од Саудиска Арабија до 2030 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери

 Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс.

Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување во 2024 година во Реал Мадрид.

Беше објавено дека парижаните ја прифатиле понудата.

Според Џејкобс државното финансирање за фудбалски трансфери е обезбедено од Министерството за спорт на Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави