ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на Груби кое беше запалено пред неговиот дом не е пријавено во анкетен лист, тоа е клучното во овој скандал

Возилото на Груби кое беше запалено пред неговиот дом не е пријавено во анкетен лист. Тоа е клучното во овој скандал.

Приказните дека позајмувал, возел автомобили од пријатели, многу сакал возила од таа марка и слично нека ги чува за пред неговите поддржувачи и нека не се надева дека некој му верува.

Груби да каже зошто е толку многу задоволен од брзата реакција на безбедносните инстотуции, но заборави да им објасни на граѓаните зошто е Груби привилегиран и ужива вакви поволности додека граѓаните молат за правда. Како сите институции се ставиле во погон за возило кое не е во негова сопственост и зошто толку важност се дава на случај ако не е мотивиран од криминални зделки?

Груби и ДУИ се разобличени, немаат ниту една причина да се правдаат, останува да одговараат.

Треба да знаете
Последни објави