Search

Вардар ќе игра во првата лига, комплетирана е потребната документација!

Вардар соопшти дека ги обезбедил последните документи кои му требаа за да ја добие лиценцата за настап во Првата лига и објасни зошто доцнела целата процедура.

ФФМ им даде краен рок на Вардар и Воска до среда да ја комплетираат документацијата за добивање на лиценца за настап во Првата лига, црвено-црните го направија тоа.

„ФК Вардар денес официјално ја обезбеди неопходната документација, односно завршната сметка и ревизијата, кои беа потребни за учество во Првата македонска фудбалска лига.

Причината поради која се доцнеше со прибирањето на потребната документација, беше долгот кој поранешниот директор на клубот Слободан Крстевски, го направил кон сметководителите.

Поради тоа, бевме приморани да повлечеме средства од досегашната сума собрана од акцијата за продажба на членски карти, во вредност од 315 000 денари и да го исплатиме заостанатиот долг, бидејќи тоа беше единственото можно решение во дадената ситуација.

Овој проблем е доказ за тоа колку е важно секој од нас да купи членска карта. Денес решивме еден проблем, но голема е веројатноста дека во иднина ќе се соочиме со многу вакви ситуации. Затоа, АПЕЛ ДО СЕКОЈ ВАРДАРЕЦ, да си обезбеди членска карта, затоа што таквите мали чекори, кои мора секој од нас да ги направи, покрај сплотеноста се нашата најголема сила!

Денес НАРОДОТ реши голем проблем. ФК Вардар ќе игра во Првата лига, затоа што народот така одлучи. Сега е време акцијата да продолжи со уште посилно темпо, зошто не очекуваат уште многу предизвици во периодот што следува. Ние сме Вардар, затоа да покажеме дека можеме!“, стои во соопштението на Вардар.

Треба да знаете
Последни објави