Search

Битиќи и посака добредојде на Ванделт, новата директорката на AХК за С. Македонија

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК), Антје Ванделт.

На средбата, вицепремиерот Битиќи и посака добредојде во нашата земја на  Ванделт, и посочи дека Северна Македонија е атрактивна дестинација за германските инвестиции и многу важен економски партнер, додека Германија е нејзин главен извозен пазар.

Вицепремиерот Битиќи на средбата изрази благодарност за довербата, со надеж дека соработката и партнерскиот однос ќе продолжат и ќе се засилат.

Директорката на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Антје Ванделт, се заблагодари за состанокот и рече дека ја ценат поддршката за развој, која германските компании ја имаат во Северна Македонија.

Ванделт  посочи дека постојните компании во нашата земја се развиваат, и информираше дека тие се особено заинтересирани за ширење на инвестициите и синџирите за набавка.

На состанокот, соговорниците меѓу другото разговараа и за дуалното образование, при што заедничка констатација беше дека германските компании се главни партнери за неговиот развој, кој дава одлични перформанси.

Треба да знаете
Последни објави