Search

Фудбалските ветерани од Македонија одиграа пријателски меч со Косово во чест на Фадиљ Вокри

Ветераните од мак-фудбалот, меѓу кои и поранешни репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против колегите од Косово на традиционалниот турнир организиран во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри.

Македонскиот состав загуби со 2-1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери.

По завршувањето на натпреварот, претседателот на ФФК, Агим Адеми, им додели трофеј на двете селекции. Капитен на македонската селекција беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на починатиот поранешен фудбалер и прв човек на федерација на Косово, Фадиљ Вокри.

Македонскиот сосстав го предводеа Менсур Неџипи – селектор, Еркан Јусуф – помошник селектор, а настапија: Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станајковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири, Горан Станковски.

Треба да знаете
Последни објави