Search

Пирло: Саудиска Арабија ќе ја има најдобрата лига во светот

Поранешниот италијански фудбалер Андреа Пирло верува дека шампионатот на Саудиска Арабија може да стане еден од најдобрите во светот.

– Се отвори нов фудбалски пазар во светот. Слично се случи пред неколку години во Кина. Во фудбалот се е исто како во животот, тој што има можност нека ја користи. Има првенства во Италија, Англија, ќе има лига на арапски држави. Можеби таа ќе биде најдобра на светот, изјави поранешниот играч на Милан и Јувентус, кој сега е на чело на Сампдорија, во интервју за La Gazzetta dello Sport.

Прв од големите фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија трансфер направи Кристијано Роналдо, а по него голем број прочуени фудбалски имиња.

Во Саудиска Арабија на познатите фудбалери им се нудат богати договори се во насока на афирмација на тамошната лига и фудбалот воопшто.

Треба да знаете
Последни објави