Search

(Видео) Хислоп колабира додека го најавуваше мечот меѓу Реал Мадрид и Милан

Некогашниот голман на неколку клуба од англиската фудбалска Премиерлига, Шака Хислоп, имаше непријатна случка во пресрет на пријателскиот меч меѓу Реал Мадрид и Милан, кој се одигра синоќа во Калифорнија.

Со оглед дека Хислоп сега работи како стручен аналитичар за ТВ-мрежата ЕСПН, за време на најавата на пријателскиот меч меѓу европски великани која ја правеше заедно со колегата Ден Томас од теренот, доживеа непријатна сцена. Хислоп одеднаш почна да се клати. Томас му поставуваше прашање, кога овој очигледно почна да губи рамнотежа и се заниша прво нанапред, па назад и потоа се струполи пред својот колега и пред очите на јавноста. Се разбира, Томас се потресе и викна по него, а потоа побара помош. 

Треба да знаете
Последни објави