Search

Цената на пченицата скокна за 8,2 отсто поради тензичната ситуација во Црното Море

Цената на пченицата на берзата во Чикаго (ЦБОТ) порасна за повеќе од осум отсто по изјавите на руското Министерство за одбрана дека бродовите што се движат кон украинските пристаништа во Црното Море ќе се сметаат за носители на воена опрема.

Според синоќешните податоци за тргување на ЦБОТ, цената на септемвриските фјучерси на пченицата порасна за 8,16 отсто на 7,25 долари за бушел (27,216 кг).

Цените нагло пораснаа веднаш по соопштението на Министерството за одбрана на Русија, бидејќи цената на фјучерсите на пченицата во 16:59 беше 6,95 долари за бушел, а во 17:20 часот нагло порасна за повеќе од пет отсто, на 7,3 долари за бушел.

Според податоците на берзата, цената на пченицата дополнително се зголеми на 7,40 долари за бушел пред да се отвори американскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави