Search

Петтото засилување за Милан е Тијани Рајндерс

Милан го потврдија трансферот на Тијани Рајндерс од АЗ Алкмар, кој треба да биде засилување во средниот дел на „росонерите“ по продажбата на Сандр Тонали.

24-годишниот Рајндерс пристигнува во зделка вредна 20 милиони евра и потпишува петгодишен договор со клубот со плата од 1.7 милиони евра по сезона. Холанѓанецот имаше одлична сезона со АЗ, постигнувајќи седум гола и 12 асистенции во 54 меча.

Рајндерс е петто засилување за тимот на Стефано Пиоли по Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик, Лука Ромеро и голманот Марко Спортиело.

Треба да знаете
Последни објави