Search

Верстапен: Сакам да водам, да бидам пред сите, тоа е она во што најмногу уживам

Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен ги процени шансите на тимот да ги освои сите Гран при оваа сезона.

Верстапен истакна дека рекордите не му се цел, туку сака само да победува.

– Ќе биде многу тешко да се остане непоразен цела сезона. Но, јас секогаш верувам во себе. Ми се чини дека ова е важно, дека ова е генерално најважното нешто. Верувам во нашиот болид, верувам во тимот, во сите момци кои работат во него. Живеам во сегашноста и се трудам да го постигнам најдоброто што можам. Ми се допаѓа да бидам напред. Сакам да водам, да бидам пред сите, најмногу уживам во ова. Се е до тоа што сакате да постигнете. Затоа го сакам овој спорт. Се разбира, сакам да се тркам до крај, но сакам и да победувам, изјави Верстапен.

Макс Верстапен има осум победи на досегашните десет трки во формула 1 за сезоната 2023 и шест последователни.

Треба да знаете
Последни објави