Search

Струга ТЛ и со влезници од по 1.200 денари, ќе има полни трибини во Охрид против Жалгирис 

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ се наоѓа пред историска шанса денеска (17 ч.) да го прескокне првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите на реванш средбата со литванскиот Жалгирис што ќе се одигра во Охрид. Стружани се пофалија дека распродале околу илјада влезници по цена од 1.200 денари и очекуваат максимална поддршка од трибините.

Првата средба во Вилнус заврши без голови (0:0) па предноста на домашниот терен во СРЦ „Билјанини извори“, Струга ТЛ се надева дека ќе ја искорсити максимално да се пласира во втората кавалификациска рунда каде ги очекува пресметка со славниот турски тим Гслатасарај, но и можноста добро да се наполни клупската каса.

Приврзаниците на Струга Трим Љум за 1.200 денари купија билет за овој натпревар, но и сезонски билет за ПМФЛ и маица со клупските обележја.

 

Треба да знаете
Последни објави