Search

Вардар против Рајн Некар ќе треба да вади „виза“ за групниот настап во Евро-лигата

Двојниот европски и повеќекратен македонски ракометен шампион во машка конкуренција, скопски Вардар, го доби најтешкиот можен ривал германскиот Рајн Некар, во квалификациите за пласман во групната фаза од Европската лига. Вака одлучи денешната ждрепка по која во двомеч Вардар и германскиот куп-победник Рајн Некар ќе дадат одговор на прашањето кој ќе игра во групната фаза, каде мак-ракометот за претставник ќе го има вицепрвакот Алкалоид.

Рајн Некар е поранешен германски шампион (2016 и 2017 година), за кого во минатото имаат настапувано неколку македонски ракометари се или б иле играчи токму на „црвено-црните“: Борко Ристовски, Дејан Манасков и Филип Талески. Ова нема да биде прва пресметка на овие две екипи, кои досега се сретнале десет пети, и тоа секогаш во рамки од Лигата на шампионите. Интересно е тоа што вардарци во тие пресметки имаат дури седум победи. Еден натпревар заврши без победник, а Рајн Некар победи само двапати. Сега работите се многу поинакви, и германскиот тим ја има фаворитската улога.

Првиот меч ќе се одигра во Скопје (26/27 август), додека седум дена подоцна ќе се одигра реваншот на теренот на противникот.

Треба да знаете
Последни објави