Search

Арсовска изврши увид на новиот парк „Даме Груев“ во Општина Ѓорче Петров

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во градежните работи на новиот мега-парк „Даме Груев“, во Општина Ѓорче Петров, кој е дел од програмата „За модерно Скопје“.

– На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина, истакна градоначалничката Арсовска.

Како што информираат од Град Скопје, во паркот кој е во завршна фаза, финализирана е изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште

Треба да знаете
Последни објави