Search

(Видео) Петровска: Ревизијата на некоја одлука не е слабост на министрите, туку покажување на достоинство дека знаат да се коригираат

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ги образложуваше и последните случувања околу спојувањето на концесиите за рудниците Иловица-Штука.

Запарашана дали смета дека се изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши. Петровска вели дека тоа е тежок збор, и дека најважна е нивната доблесност околу тоа да се побара ревизија на одлуката.

-Она што е многу важно е мојата реакција, и реакцијата на колегите кои бевме, а тоа е колегата Спасовски и колешката Шукова, се разбира и присуството на двете министерки на протестот всушност покажува дека ние навистина ја слушаме реакцијата на јавноста, вели Петровска.

Таа додава дека не гледа ништо спорно ако се констатира дека за некоја одлука што Владата, како колективен огран, ја донела треба да има ревизија.

-Тоа не е слабост на министрите, напротив тоа е нивно покажување на достоинство дека знаат да се коригираат. Очекувам на утрешната седница на Влада, како што беше дискутирано, повторно да биде отворена оваа точка, додава Петровска.

Треба да знаете
Последни објави