Search

Богоев: Вистината е како шило, a ти Груевски тоа добро го знаеш!

Фејсбук статус на Стефан Богоев:

Груевски, очигледно те погодив во нерв, па напиша статус со многу зборови, малку поенти и воопшто вистина! Соочен со фактите дека токму ти, твојот советник Мицкоски и вашето ДПМНЕ ја доделивте концесијата за Иловица во 2012 година (во прилог слика од одлуката во Службен весник, јуни 2012г) повторно се обиде да ја манипулираш јавноста. Својствено за тебе Груевски, така владееше 11 години.

Сега земи воздух Груевски, и види го и видеото во прилог, како во изборна кампања во 2016 година се фалиш дека ќе отвориш десетина рудници во југоисточниот регион. Тешко е за гледање Груевски, ама ни тогаш, ни сега, не те интересирало здравјето на граѓаните!

И за крај, Груевски, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш!

Треба да знаете
Последни објави