Search

Путин предложи нов шеф на групата Вагнер

 Рускиот претседател Владимир Путин им предложи на борците на Вагнер платеникот Андреј Трошев да ја преземе командата со групата, пишува рускиот дневен весник Комерсант, пренесува Си-ен-ен.

-Се чини дека Путин создаде поделба меѓу постарите борци и водачот на групата, Евгениј Пригожин. Весникот објави за состанокот што го одржал рускиот претседател пет дена по неуспешниот пуч на групата Вагнер во јуни. На средбата присуствувале Пригожин и неколку десетици високи борци на Вагнер, пишува Си-Ен-Ен.

Путин изјавил дека Вагнер не постои според руските закони, додавајќи дека руската влада ќе ја одреди правната рамка на организацијата. Според весникот, Путин претставил голем број опции за иднината на платениците на Вагнер, но Пригожин одбил.

-Војниците на Вагнер „можеа да се соберат само на едно место и да продолжат да служат. Ништо нема да се смени за нив, тие би биле предводени од личноста која им била вистински командант во тој период, рече Путин.

Андреј Трошев е пензиониран руски полковник и основач и извршен директор на групацијата Вагнер, според документите за санкции објавени од Европската унија и Франција. 

Треба да знаете
Последни објави