Search

Македонските кошаркарски надежи преку Велика Британија стигнаа на чекор до А-дивизијата од ЕП

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија се пасира во полуфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се оджува во Скопје.

Во четвртфиналето македонските надежи ја победија Велика Британија (66:49) и сега се на само чекор од пласман во А-дивизијата, првпат по пауза од 16 години. Победа утре против Украина или Холандија ќе значи место во елитата.

Натпреварот со Велика Британија помина во целосна доминација на македонската репрезентација. Противникот ниеднаш не се најде во водство, а беше рамноправен само во првите осум минути во кои Македонија водеше со 9:7. На полувреме македонските надежи заминаа со двоцифрена предност (32:21).

Британците во третата четвртина се заканија со прецизни удари за три поени и се доближија на 40:35, но македонските надеѓи не дозволија пресврт. Го блокираа противникот недозволувајќи му во последните 4 минути да постигне ниту еден кош.

Андреј Митревски со 17 поени беше најефикасен во македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави