Search

Стопанската комора со награда за Макстил за „зелената агенда“  на компанијата

Стопанската комора на Македонија по повод одбележувањето 101 година на Комората, на Макстил и додели награда за „зелената агенда“ која ја спроведува компаијата. Добивање течен челик во електропечка, што е една од препораките на глобално ниво за да се има „зелен челик“, е еден од главните „адути“ на компанијата. Процесот на прилагодување на начинот на производство кој е пред многумина од производителите, Макстил успешно го применува веќе извесно време давајќи огромен придонес во зачувувањето на здравјето на луѓето и секако зачувувањето на животната средина.

Тука влегува и системот за отпрашување во челичарницата со чија помош влијанието врз загадувањето на воздухот е елиминирано, бидејќи истото е неспоредливо помало од законски пропишаните минимални вредности, како и од регулативата во Европската Унија.

Воедно во контекст на зелената агенда се исто така заложбите за спроведување циркуларна економија и определбата за „нула отпад“, односно реискористување на сите нус-производи во процесот на добивање готов производ. Залагањата се секојдневни во контекст на елиминирање на отпадот и намалување на загадувањето, одржување на производите и на материјалите што е можно подолго во употреба и зачувување на природните ресурси.

Треба да знаете
Последни објави