Search

Нема повеќе шетање во костими за капење низ центарот на Струга

Општината Струга на чие чело е градоначалникот Рамиз Мерко кој од неодамна се најде на „црната листа“ на САД поради злоупотреби на функцијата од позиција на моќ и вмешаност во корупција, своето внимание сега го привлекува со соопштение со кое ја известува јавноста дека одлучиле да забранат шетање низ чаршијата на разголени лица. Во централното градско подрачје во Струга за домаќините и туристите е забрането движење во бикини или во гаќи за капење. Ваквата одлука да не се покажува разголеност на јавни места ја донеле за да се зачува позитивната слика за Струга се вели во соопштението.

-Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.

Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга- известуваат од општината.

За да биде почитувана забраната низ градот се поставени и знаци со забрана за движење во бикини и гаќи за капење.

Треба да знаете
Последни објави