Search

Комунална хигиена: Ѓорѓиевски на ниту еден начин не помогнал во справувањето со кризата која ја предизвикаа токму тој и неговите партиски пријатели

За оставањето на сметот пред портите на ЈП Дрисла, од страна на општините, кое како телевизиско шоу се пренесуваше и во живо на социјалните мрежи, почнаа да фрчат казни од Градот Скопје. Покрај општината Кисела Вода, за депонирање на отпад казна добила и општина Сопиште. Двајцата градоначалници ќе треба да платат околу 140 илјади евра, соопшти градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Обидот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ми пише казна и да удри по џебот на граѓаните во оштината, покажа дека ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите и што е најстрашно ниту пак знае која е територијата која истата ја администрира. Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Арсовска, Комунална хигиена и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа, посочи Ѓорѓиевски.

На оваа прес-конференција реагираа попладнево од ЈП Комунална хигиена со соопштение.

-Во отсуство на поелоквентен израз на комичната прес-конференција на градоначалникот на општина Кисела Вода, сакаме да го информираме – иако не сме сигурни дали ќе успее да разбере – дека со две камиончиња од по 800 килограми носивост, на ниту еден начин не помогнал во справувањето со кризата која ја предизвикаа токму тој и неговите партиски пријатели за што имаме и докази. Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите“, се вели меѓу другото во соопштението.

Тие додаваат дека за два дена во Скопје се собрани 1.130 тони отпад кој бил наталожен поради дводневната блокада на КХС, која имаше за цел да изврши притисок врз раководството на претпријатието за задржување на семејни кланови кои одработуваат за интересите на политичката банда на која овој градоначалник припаѓа додаваат од Комунална хигиена.

Треба да знаете
Последни објави