Search

ПСЖ почна да го формира тимот за новата сезона без Мбапе !

Односот меѓу францускиотм фудбалски првак ПСЖ и еден од своите најдобри играчи, напаѓачот Килијан Мбапе е пред „експлозија“. Иформациите од редовите на „светците“ велат дека францускиот клуб следната сезона почнал да ја планира без Мбапе во тимот. ПСЖ кој доби нов тренер во шпанскит стратег Луис Енрике веќе тргнал во потрага на за да пронајде замена за Мбапе. На листата посакувани напаѓачи се нашле: Жоао Феликс, Бернардо Силва, Хари Кејн…

Мбапе со последното интервју го влоши односот не само со раководството на ПСЖ, туку и со голем дел од соиграчите, па што и да се случи, Луис Енрике се чини дека нема да смета на него.

Продажбата на Мбапе кој има уште едно година договор е комплицирана. Не се исклучува можноста доколку Мбапе одбива да биде продаден, да биде пратен на трибините и да не заигра во новата сезона воопшто.

Во меѓувреме ПСЖ ги засилува своите редови. Досега раководството на „светците“ ги потврди трансферите на Угарте, Асенсио, Шкрињар, Канг Ин Ли и Лукас Ернандез.

Треба да знаете
Последни објави