Search

Херојот на новиот младински првак Англија бил сигурен во себе дека во финалето ќе одбрани пенал!

По пауза од 39 години Англија е европски фудбалски првак во конкуренција на играчи до 21 година. „Гордиот Албион“ во финалето на ЕП кое се одржа во Романија и грузија, ја совладаа соодветната селекција на Шпанија со 1:0 и по третпат ја освоија титулата во младинска конкуренција.

Херој на Англија е голманот Џејмс Трафорд, младиот чувар на мрежата од редовите на шампионот Манчестер сити кој во новата премиерлигашка сезона ќе игра во Барнли, откако во 97-та минута одбрани пенал и не и дозволи на Шпанија да го однесе младинското финале во продолженија.

Трафорд покрај трофејот го заврши шампионатот и без примен гол. Англија од почеток до крај редеше само победи, а на ниту еден меч не прими гол. Младиот чувар на мрежата после освојувањето на титулата откри дека на соиграчите уште утрово им кажал дека чувствува оти ќе одбрани пенал.

-Утрово на сите им кажав дека ќе одбранам пенал. И кога судијата покажа на белата точка, знаев дека ќе го одбранам казнениот удар. И да бидам искрен, беше лесно да се одбрани тој удар, рече Трафорд.

Треба да знаете
Последни објави