Search

Алкараз, Медведев и Циципас се пласираа во осминафиналето на Вимблдон

Пласманот во осминафиналето на третиот сезонски гренд-слем турнир Вимблдон денеска обезбедија: Карлос Алкараз, Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Првиот носител на турнирот, Карлос Алкараз од Шпанија во четири сета го надигра Чилеанецот Николас Јари (6-3, 6-7/8, 6-3, 7-5), Во осминафиналето го чека победникот од дуелот Александар Зверев – Матео Беретини.

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласира во осминафиналето на третиот сезонски гренд-слем турнир Вимблдон, откако го совлада Унгарецот Мартон Фучович со 4-6, 6-3, 6-4, 6-4. Треторангираниот тенисер на АТП листата до победата стигна по три часа и четири минути игра. Фучович го доби првиот сет, бидејќи веќе го одзеде сервисот на ривалот во третиот гем и тој еден брејк му беше доволен да поведе со 1-0 во сетови. Медведев во сите три последователни сета рано направи брејк и на крајот успеа да го израмни својот најдобар резултат на Вимблдон – да се пласира во четвртото коло. Во следното коло рускиот тенисер ќе игра против победникот од мечот Јуржи Лехечка – Томи Пол.

Стефанос Циципас со 6-4, 7-6, 6-4 го победи Ласло Ѓере од Србија и в понеделник ќе се сретне со Кристофер Јубенкс од САД.

Треба да знаете
Последни објави