Search

Пулишиќ ќе потпише четиригодишен договор со Милан

Англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи и италијанскиот калчолигаш Милан ги договорија сите детали за трансфер на 24-годишниот американски репрезентативец Кристијан Пулишиќ за преселба во Серија А.

Споредм италијанските медиуми, Пулишиќ официјално ќе ги напушти редовите на лондонски Челзи и најдоцна до недела ќе потпише четиригодишен договор со клубот од Милано.

Италијанскиот клуб за услугите на Пулишиќ ќе му плати на Челзи обесштетување од 20 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Пулишиќ дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на клубот од Лондон.

Треба да знаете
Последни објави