Search

Легендарниот холандски голман Ван дер Сар итно сместен во КБЦ Сплит

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) е хоспитализиаран во КБЦ во Сплит, каде му се прават прегледи на главата на одделот за интензивна нега.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигнал во болницата придружуван од сопругата Анемари.

Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно се случило со здравствената состојба на легендарниот голман кој во својата трофејна кариера ги чуваше мрежитер на Ајакс, Манчестер јунајтед, Јувентус и Фулам.

Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот.

Треба да знаете
Последни објави