Жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на екипите на ЕВН

Жителите на кумановското село Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, се гледа од видеото што го објави ТВ 21.

Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20 отсто фактурирана енергија.

Треба да знаете
Последни објави