Search

Лефков: Наместо власта да се прогласува за ненадлежна и да се оградува, таа треба да ги повика институциите да го испитаат случајот со Дрин Ахмети

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа” на Телевизија 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Тој посочи за тоа како да се очекува власта да се бори со корупцијата кога чичкото на внукот на Ахмети е сликан со Ислам Абази.

Тој посочи дека на истиот начин како што беше доделувањето на државна помош од страна на Владата на кумот на Ковачевски се постапувало и со Дрин Ахмети

„На Дрин Ахмети на седница на Влада на 21 година старост, односно во 2019-та година му даваат концесија за хидроцентрала која треба да вреди 1.2 милиони евра на право на користење на 23 година и на таа седница присуствуваат Бујар Османи, Крешник Бектеши и целата таа политичка елита”, рече Лефков.

Тој потенцираше дека пред јавноста не може вака да се оградува власта и да се прогласува за ненадлежни наместо да ги повика институциите да го испитаат случајот.

Лефков ја повика власта да ги повика УЈП и финансова полиција да го испитаат случајот или пак не смее власта да помислите да чепне кај нивниот коалиционен партнер ДУИ кој ви ја води владата.

Треба да знаете
Последни објави