Search

Простори на Министерството за правда отстапени за архивирање предмети на Основниот граѓански суд во Скопје

Владата, на предлог на Министерството за правда, донесе две одлуки за престанок на трајно користење на два простора, чиишто досегашен корисник е Министерството за правда и доделување на трајно користење, без надомест, на Основниот граѓански суд Скопје.

Судовите имаат законска обврска, согласно Законот за нотаријат, да обезбедат услови и просторни капацитети за архивираните предмети на нотарите на кои им престанала нотарската служба, а ваков проблем, со обезбедување просторни услови за оваа намена, според Министерството за правда, имал Основниот граѓански суд Скопје, стои во владиното соопштение.

„Од овие причини, Владата, со донесени одлуки, дава на Основниот граѓански суд Скопје, на трајно користење, два простора на ул. „Гоце Делчев“ бр. 18 во Скопје, во зградата на Македонска Радио Телевизија, каде што е предвидено да се сместат архивирани предмети на нотари на кои им престанала нотарската служба поради пензионирање, на подрачјето на основните судови на Град Скопје, а за коишто, Миниситерството за правда извести дека се направени соодветен попис и селекција“, нагласуваат владините служби.

Треба да знаете
Последни објави