Search

Пренџов: Власта не ги става на дневен ред уставните измени од страв дека и нивни пратеници дека нема да ги гласаат

Изминативе 20 дена на површина излегоа две клучни работи. Првата работа е тоа што на СДС помил им е ДУИ отколку Македонија и повеќе се грижат за просперитетот на ДУИ, а втората работа е тоа што СДС повеќе се секира дали и кога Бугарите ќе влезат во Устав отколку  дали и кога Македонија ќе влезе во Европската Унија. Овие две работи сега и се јасни на целата јавност, изјави пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” Љупчо Пренџов за „Само вистина” на Канал 5.

– Во поглед на уставните измени, Ковачевски изјави дека некаде до 17 јуни во Собрание ќе пристигне предлогот за уставни измени, но два дена после него Артан груби изјави дека до крајот на јули и зборот кој го кажа Ковачевски, гледаме не се стигнати. Ќе видиме дали Ковачевски или Груби одлучува Тука можеме да видиме кој и како ја контролира Македонија, додаде Пренџов.

Тој истакна дека суштината околу уставните измени зошто ги нема во Собрание, не е само заради тоа што опозицијата нема да ги гласа, најодговорно го тврдам тоа дека 44 пратеници нема да ги поддржиме, туку и стравот е од срамот што пратеници од владејачкото мнозинство нема да ги поддржат.

– Затоа зборот на Ковачевски не важи ништо во реалноста. Затоа ги нема уставните измени, бидејќи знаат дека од нас нема да имаат глас, ама не знаат колку од нивните нема да ги гласаат.  Ниту еден пратеник од тие 44 од коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги гласа уставните измени под бугарски диктат, рече тој.

Пренџов исто така потсети на вчерашното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев до европските институции дека нема да бидат само уставните измени.

– Радев вели дека уставот е само почетокот, потоа дека ние сме држава која има туѓа историја, дека нема своја историја. Бујар Османи потпиша протокол кој вели дека додека Комисијата за историја не заврши со работа, Македонија не може да стане членка на ЕУ, макар и сите други услови ги исполнила. Тука се работи за идентитет, историја многувековна на македонскиот народ, изјави Пренџов.

Треба да знаете
Последни објави