Search

Мицкоски од Брисел на средба со високи претставници во ЕУ: Испративме порака, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат и потребни се избори

Интегрален текст од изјава на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ „Овие неколку дена сме овде во Брисел да оствариме неколку средби со луѓе кои се на високи позиции во ЕУ. Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер кој што е и претседател на Европската Народна партија, семејство во кое што е  член и ВМРО-ДПМНЕ. Главната цел овде во Брисел на делегацијата која што ја предводам на ВМРО-ДПМНЕ е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ. Она кое што најмногу зачудува, а кое што го слушнав овде во Брисел од соговорниците е дека нашите членови на македонската влада кои што кога доаѓаат во де во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфорт на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите. Нашата порака е јасна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи. И втора работа која што сакам да ја кажам, а која што ја пренесуваме на состаноците, тоа е дека избори во Македонија час поскоро за да може притисокот кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција да биде ослободен. На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали кои што неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Влада која што ќе се бори за повеќе успеси за македонските граѓани, за повеќе пари за македонските граѓани, за подобар стандард, за повеќе инвестиции и реформи, за поквалитетно здравство и она кое што е најважно борба со криминалот и корупцијата. Тоа е многу важно да може да го удриме во корен она кое што денеска претставува навистина една епидемија во македонското општество, а тоа е високото ниво на криминал и корупција. Да повторам уште еднаш, првата порака е дека нема прифаќање на бугарски диктат и втората порака е дека избори поскоро за да можеме да имаме легитимна влада која што ќе биде предводник на еден реформски процес.
https://youtu.be/CjmjttOHvuU?t=1
Треба да знаете
Последни објави