МВР со детали за несреќата кај Катланово: загина седумдесетгодишен моторџија од Унгарија

На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда” со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија.

На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.   

Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави