Search

Костадиновска-Стојчевска и Пејчиновиќ-Буриќ: Културната размена е во приоритетите во процесот на ЕУ интеграциите

Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои беа во фокус на денешната средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Таа ги истакна комплексноста и предизвиците со кои се соочуваат во обезбедувањето целосна инклузивност во законодавството и унапредување на човековите права во земјава на патот кон членство во Европската Унија.

„Разговорот околу донесувањето на Законот за родова еднаквост е од исклучителна важност, чекор кон обезбедување еднакви можности за сите жени“, истакна министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска зборуваше за значењето на инклузијата на жените Ромки и револуционерниот Национален акционен план за жените Ромки во нашата држава.

„Мораме да се справиме со брзото ширење на дезинформации и говор на омраза преку дигитални платформи, современ предизвик со кој се борат многу европски земји“, рече министерката.

Говореше и за потенцијалот за вклучување на Северна Македонија во Културните рути и можностите што ги дава оваа платформа за поврзување на земјите од регионот и Европа.

Треба да знаете
Последни објави