Search

Дел од Шуто Оризари утре без вода

Корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Пелагонија“ и „31“ во општина Шуто Оризари утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Индира Ганди“ бб, а корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави