Search

Со „мерцедес“ удрил во луѓе на изложба на автомобили и тешко повредил тројца во инцидент во Загреб

Полицијата во Загреб започна кривична истрага против 23-годишен маж кој налета со неговиот „мерцедес“ на тројца пешаци и автомобил во кој имало уште две лица кои се повредени по ударот на паркингот во трговскиот центар Супернова каде се одржувала неофицијална „изложба на автомобили“, објавува Индекс.хр.

Полициската управа во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж управувал „мерцедес“ со загрепски регистерски таблички и поради несоодветна брзина налетал на тројца пешаци и еден автомобил, кои потоа се судриле со друг автомобил.

На повредените удрени од мерцедесот им била укажана лекарска помош во здравствените установи на Град Загреб, додека уште две лица кои биле во автомобилот во кој удрил мерцедесот се повредени во сообраќајната незгода и ќе им биде укажана лекарска помош во загрепските болници.

Човекот кој го управувал „мерцедесот“ е под полициски надзор и во тек е кривична истрага.

Треба да знаете
Последни објави