Search

 „Среќен роденден Доналд“: група приврзаници му пееше роденденска песна на Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп по сослушувањето по обвинението за прикривање доверливи документи се појави во кубански ресторан во Мајами.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како Трамп ги поздравува поддржувачите во ресторанот „Версај“ во Мала Хавана, пишува „Дејли Мејл“.

Толпата му пееше роденденска песна, бидејќи тој денеска го слави својот 77 роденден, по што поранешниот претседател нарача храна за сите.

Трамп претходно се изјасни за невин по обвинението од 37 точки за злоупотреба на доверливи документи.

Треба да знаете
Последни објави