Search

На територијата на Србија уапсени тројца вооружени косовски специјлаци

 Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.

Како што јави допсиникот на МИА, медиумите соопштија дека за оваа акција итно бил известен шефот на државата Александар Вучиќ, кој бил во руската Амбасада, каде присуствувал на приемот по повод одбележувањето на Денот на Русија, а по добиената информација отишол во Претседателската зграда.

Се уште не се знае каде кои биле намерите на косовски специјалци и зошто биле вооружени.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи, се наведува дека припадниците на Антитерористичката група на специјалната полициска единица лоцирале и уапсиле тројца припадници на косовската полиција Р.З., Б.С. и М.Ш. во административната зона кон Косово и Метохија, далеку во длабочината на територијата на централна Србија.

Сите тројца уапсени биле вооружени со автоматско оружје и во целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема.

Како што се наведува, „ успешно е спречен обид на косовската полиција да изврши упад на територијата на централна Србија и да спроведе акција која по сите параметри е терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот насочен против Република Србија“.

Полицијата во соработка со надлежното обвинителство ќе продолжи со понатамошната работа, се наведува во соопштението.

На фотографиите што беа објавени од МВР се гледаат тројца припадници на косовската полиција кои се уапсени, како и автоматски пушки, опрема за надзор, радио врски, мапи…

Албанскиот сајт „Коха“ наведува дека настанот се случил во близина на административниот премин Јариње.

Треба да знаете
Последни објави