Search

Норвешки институт регистрирал „експлозија“ за време на уништувањето на браната Каховка

Норвешкиот сеизмолошки институт Норсар регистрирал „експлозија“ од правец на регионот каде што се наоѓа украинската брана Каховка во моментот на нејзиното уништување во вторникот, изјави денеска висок функционер на институтот.

Изјава, која не ја препишува причината за експлозијата на ниту една страна, ја поддржува идејата дека браната, која се наоѓа во област под руска контрола, не попуштила поради штета што ја претрпела во претходно бомбардирање. „Сигурни сме дека дошло до експлозија“, изјави Бен Дандо.

Според овој независен институт, експлозијата се случила во 2:54 часот по локално време, на место чии координати одговараат на браната Каховка на реката Дњепар. Магнитудата била „меѓу 1 и 2“, прецизира Норсар, кој се уште не пресметал колку е во тони ТНТ. „Тоа не е слаба експлозија“, рече Дандо. Откриена е од мерната станица во Буковина, Романија, која се наоѓа на околу 620 километри од местото каде што се случило.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уривањето на браната, која поплави села и градови на двата брега на реката, вклучително и делови од градот Херсон, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

Треба да знаете
Последни објави