Search

Навивачите типуваат дека Алкараз има најголеми шанси да игра во финалето на „Ролан Гарос“

Познати се полуфиналните двојки на тенискиот грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во машка конкуренција. Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз во „финале пред финалето“ ќе игра против неприкосновениот според бројот на поминати недели на првата позиција на АТП-листата, Србионот Новак Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале во Париз, Гермнаецот Александар Зверев ќе ги одмери силите против Норвежанецот Каспер Руд.

Пред одигрувањето на полуфиналните мечеви, навивачите гласаа во анкета на порталот „tennisnow“ кого го гледаат во завршната борба за престижното признание.

Само 10,3% веруваат дека српскиот ас Ѓоковиќ ќе игра за трофејот, против Германецот Зверев, а 23,1% против Норвежанецот Руд.

Многу повеќе сметаат дека Шпанецот Алкараз ќе биде финалист (42,3%) и дека ќе игра за титулата против Руд, а 24,4% дека противник ќе му биде Зверев.

Ноле го делат уште само две победи за да ја освои рекордната 23 грен слем титула и да биде најдобар на сите времиња.

Полуфиналните мечеви се закажани за в петок (9 јуни) со почеток од 15.00 часот.

Треба да знаете
Последни објави