Search

Емерсон влезе во историјата на европскиот фудбал

Левиот бек на Вест Хем, Емерсон Палмиери, синоќа испиша историја во европскиот клупски фудбал.

Вест Хем Јунајтед ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА и го освои првиот трофеј по 43 години.

Во исто време, Емерсон Палмиери, роден Бразилец, кој игра за италијанската репрезентација од 2018 година, стана првиот фудбалер кој ги освоил сите европски клупски трофеи. Ако на тоа се додаде и европската титула со „аѕурите“, тогаш тоа е вистински подвиг.

Емерсон ја освои Лига Европа во 2019 година како играч на Челзи (4:1 против Арсенал). Со истиот клуб ја освои Лигата на шампионите во 2021 година (1:0 Манчестер Сити), а потоа истата година и Суперкупот на Европа (1:1, на пенали 6:5 против Виљареал).

Конечно, сега со Вест Хем го додаде и трофејот од Конференциската лига (2:1 Фиорентина).

Емерсон исто така го освои ЕУРО 2020 со репрезентацијата на Италија (1:1, 3:2 на пенали против Англија).

Треба да знаете
Последни објави