Search

Циципас закажа четвртфинале со Алкарас


Последен четвртфиналист на Ролан Гарос во машка конкуренција е Стефанос Циципас.

Гркот вечерва убедливо го совлада Себастијан Офнер со 3:0 (7:5, 6:3, 6:0) и закажа дуел против Карлос Алкарас.

Почетокот на натпреварот му припадна на Офнер кој поведе со 2:0. Но, Циципас брзо возврати, израмни (3:3), а потоа во 12. гем ја реализира четвртата сет топка и поведе со 1:0.

Вториот сет беше решен во шестиот гем кога грчкиот тенисер повторно му го одзеде сервисот на ривалот.

Во третиот немаше дилема – Циципас го доби сетот со нула поени и се пласираше меѓу осумте најдобри.

Треба да знаете
Последни објави