Search

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје

Нашата територија се наоѓа под влијание на циклонска активност од запад. Во исто време од север, особено утре и во сабота ќе се спушти посвежа воздушна маса која ќе ги спушти температурите под просекот за почетокот на месец мај.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде застапени во форма на невреме со појава на град и електрични празнења. Поради падот на температурите, на највисоките планини на запад и северозапад ќе има повремени врнежи од снег. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.

Утре тој ќе биде од западен и од југозападен, а во сабота од северен правец. За време на овие два дена локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). И во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд, во делови од котлината поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Наутро пак тие на повеќе места ќе бидат и под 10, понекаде дури и под 5 степени.

Треба да знаете
Последни објави